Балкан
25. March 2020 - 15:42

Зошто екс-југословенските земји подобро се справуваат со пандемијата од Западот!!!

Еден современ словенечки  филозоф многу пластично ја опиша состојбата на економијата и пандемијата. – Кина го жртвуваше бизнисот да ги заштити луѓето, ЕУ и САД  штедат  капитал на сметка на луѓето. Затоа Кина ја сопре пандемијата која во ЕУ и САД продолжува драматично да се шири.
Професорот П.Дамјан  изјави дека многу брзо ќе дојде денот кога шефовите на државите ќе мора да изберат помеѓу спас на економијата и бројот на жртвите. Британскиот новинар Џереми Ворнер дури напиша дека коронавирусот би можел да му помогне на човештвото бидејќи ќе му помогне да се реши од постарата популација.
Томас Малтус, класичар на капиталистичката политика за население, пресмета дека населението пребрзо се размножува со зголемувањето на производството на храна. Зошто? Бидејќи луѓето имаат многу храна  на располагање, ако јадат премногу, тие се репродуцираат премногу. Решенија: Војни, повремено создавање војна, присилување на сексуална апстиненција - и, се разбира, појава на  болести кои ги погодуваат болните и непродуктивните.
Професорот Богомир Ковач (Младина, 20 март 2020 година;) е на линија со Дамјан и Малтус : „Не можеме да се бориме против пандемија со запирање на економските текови во името на заштитата на луѓето, затоа што на крајот состојбата ќе биде многу полоша.“
Многу интересна е состојбата со екс-југословенските земји кои многу полесно се справуваат со пандемијата од водечките земји на ЕУ.
Триесет години капиталистички „економски текови“ во фармацевтската индустрија, во продажба на опрема, во приватизацијата, го зашеметија екс-југословенското јавно здравство. Но за среќа тоа не го уништи: бидејќи јавното здравство е единствено способно да се бори со вакви закани како корона-вирусот. Тито и Југославија изградија силно и квалитетно јавно здравство кои и покрај бројните обиди за уништување со приватизацијата уште е здраво наспроти замјите од ЕУ.
Доказ е  Италија, во ова време држава со апсолутно најголем број на загинати: во 1975 година во Италија имало 10,6 болнички кревети на илјада жители во Италија, сега 2,6; Помеѓу 2009 и 2017 година, таму беа укинати 46.500 работни места во здравството. Тие им дадоа приоритет на „економските текови“ - сега тие ги губат луѓето, а полека запираат и економските текови.
Ова е само потврда дека цената на либералниот капитализам во оваа пандемија што земјите ќе ја платат ќе биде голема и во жртви и во капитал. 
Катастрофална е логиката еден спортист како Роналдо или Меси да заработуваат десетици милиони евра месечно наспроти еден врвен доктор специјалист чија плата е под 10 илјади евра на месец. Да не говориме на скромните речиси минимални средства што се одвојуваат за научни установи каде научниците од кои сега очекуваме да најдат вакцина или лек за коронавирусот се минимално платени за што еден италијански научник рече : „Сега Роналдо нека им помогне на болните кога еден научник зема плата од 1300 евра“.
Светот е исправен пред голема дилема во времето на пандемијата. Јасно е дека нема ништо да биде исто понатаму но колку државниците ќе имаат сила да превземат нови мерки за реконструкција на капитализмот кој во слободна функција се заканува сам да ни ја исече гранката на која седиме со фатални последици за човештвото. Еколозите ќе речат , планетата земја сама се прочистува благодарение на пандемијата. Можеби тоа го заслуживме но ако извлечеме заклучоци Природата и Луѓето може заеднички да победат за посветла иднина.
 Текст и фото: Дневник-Словенија