Македонија
15. November 2017 - 16:39

Зошто беше закажана па откажана средбата на преговарачите Василакис и Наумовски со Нимиц во Њујорк?

Преговарачите во спорот за името ќе почекаат до декември за медијаторот Метју Нимиц да ги седне на нова рунда преговори. Најавените датуми 20 и 21ви ноември се откажани во последен момент.

Премиерот Заев кој ги најави разговорите за идната недела вели дека е одлука на медијаторот кога ќе ја закаже следната средба.

- Јас разговорите ги најавив во интервју за странски медиуми, но уште вечерта добив информација дека разговорите ќе бидат одложени. Тоа е одлука на медијаторот и од него се очекува да го каже дефинитивниот датум..

Нема информација зошто новата рунда преговори е одложена за идниот месец. Но грчките медиуми пишуваат дека на оваа средба се очекува нов конкретен предлог од Нимиц. Неколку угтледни медиумји пишуваат дека во контекст на разговорите „Атина очекува промената на името на Аеродромот во Скопје и отстранување на дел од спомениците поставени во времето на Никола Груевски“.

Овие теми се веќе актуелни и во Македонија. Неделава министерот за култура  најави дека елаборатите за три споменици од проектот Скопје 2014 - Андон Јанев Ќосето , Мајка Тереза и Воин на коњ на плоштад „Македонија" се при крај и ќе бидат предадени на разгледување во Владата. Медиумите пишуваа дека се можни две опции - дислокација или уривање. Речиси истовремено излезе и идејата за преименување на аеродромот Александар Велики во Киро Глигоров. Оваа идеја му се допадна на премиерот Заев.

Очекувањата за решавање на спорот се високи на двете страни а потврда за тоа се неодамнешните изјави на Заев и на Коѕијас. Грчкиот министер неодамна изрази надеж спорот да биде решен во првата половина на 2018та.

И аналитичарот Даниел Сервер дава оценка дека условите во моментов се ветувачки и  дека решение за спорот и покана за Макеоднија за членство во НАТО се можни веќе идната година.

Грчкиот весник Катимерини јави дека следната недела се очекува во псоета на Атина да допатува вицепремиерот за веропски прашања Бујар Османи кој се очекува да оствари средба со високи претставници на грчкиот джавен врв.