„Зорице, се извлековме. Сите ги зае*авме!“ Тајна снимка ќе испрати уште еден Марјановиќ во затвор
Полицијата тајно го снимила Владимир Марјановиќ, свекор на убиената Јелена Крсмановиќ Марјановиќ, додека со синот Зоран во семејниот автомобил ја наговарал својата сопруга да лаже за него.
Тој најверојатно ќе биде приведен поради таа тајна снимка како и поради поклопувањето на неговата ДНК со трагите кои се најдени на телото на Јелена.
Го апсат таткото на Зоран за убиството на Јелена
Тој најверојатно ќе заврши зад решетки зошто полицијата кон крајот на април 2016 година го снимила додека во автомобилот ја наговарал жената да им обезбеди алиби нему и на синот, како и по сослушувањето во полициајта и рекол: „Зорице се извлековме, сите ги зае*авме“.
Сопружниците на 26 април 2016 година беа повикани на информативен разговор. Додека го чекаа сослушувањето, во ходникот непрекинато се договараа за тоа што ќе им кажат на инспекторите. Владимир на Зорица и даваше инструкции како да одговара на одредени прашања.
-Дојдоа многу нервозни и загрижени. Додека чекаа да ги повикаат на сослушување, Владимир на Зорица и давал упатства како да одговара на прашањата на инспекторот. И кажувал што смее, а што не смее да открие за својот однос со Јелена и за својата работа. По сослушувањето неговото расположение драстично се променило. Разговарале гласно и упадливо гестикулирале. Не воделе сметка дека полицајците може да ги слушнат. Делувале како луѓе што избегнале сигурна замка и кои се радуваат што не се откриени, вели инспектор од полицијата.
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка