Балкан
21. April 2016 - 11:22

Зорица знае кој е убиецот на Јелена

Зорица Крсмановиќ, мајката на убиената пејачка на Гранд, Јелена Крсмановиќ, не сака да дава изјави за медиумите и се уште пати и жали по својата ќерка. 
 
Според најновите податоци до кои дојде српскиот Курир, таа знае кој е убиецот на Јелена, и е клучен сведок во истрагата која се води веќе трета недела.
 
- Мајката на Јелена ни е слаба точка во истрагата. Таа не сака да дава изјави, се плаши за себе и за внуката, но сигурно знае нешто, вели извор на истрагата за спркиот Курир.
 
Таа непосредно по убиството истакна дека чека убиецот да биде фатен и дека дури тогаш ќе си ја отвори душата.
 
Со оваа изјава по грозоморното убиство, беше јасно дека Зорица има многу што да каже.
 
За потсетување, на 2 април Јелена беше усмртена со 30 удариод дрвена палка, па фрлена крвава во канал.