Џет-Сет
28. May 2016 - 12:51

Зорица сите ги шокираше кога призна со кој пејач била во врска

Зорица Марковиќ која ја гледавме во „Големиот Брат", а сега е дел од Фарма, ги шокираше сите кога призна со кого била во врска во младоста. Натпреварувачката остана без текст кога како гости во куќата ги донесоа Халид Муслимовиќ и Катарина Грујиќ, па објасни зошто се однесувала чудно.

- Халид и јас бевме некогаш во врска, ми беше љубов, беше одамна...и мојот сопруг знае за тоа, изјавила Зорица и сите ги шокирала.

Таа додала и дека го сака сопругот и залудно се трудат да и го растурат бракот и да и направат несогласувања со вакви интриги.