Македонија
23. јуни 2016 - 16:15

Зоран Заев најави дека пратеничката група на СДСМ го замрзнува своето учество во работата на Парламентот

СДСМ и Заев во Собранието ќе бидат само декор. По 10 јубилеен пат, најавија дека ќе ја бојкотираат работата на Парламентот. Овој пат, како причина им е Специјалното јавно обвинителство. Се додека Уставниот суд не се произнесе за уставноста на СЈО, ние го замрзнуваме нашето учество во Параламентот, рече претседателот на партијата Зоран Заев.

Ваквата експресна реакција на претседателот на СДСМ доаѓа само неколку часа откако Шарените испорачаа барање до политичките партии да го бојкотираат Собранието додека Уставниот не се произнесе за СЈО и најавија радикализација на протестите.

Ова е уште еден ултиматум кон Уставниот суд од СДСМ, порача попладнево Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ Ѓорчев

Уставениот суд треба да се изјасни за Специјалното јавно обвинителство, смета и Иванка Додовска, професор на Правниот факултет.

Со последнава одлука, СДСМ и натаму ќе земаат плата од Собранието и нема да работат ништо. ВМРО-ДПМНЕ ги повика да не ја замрзуваат работата во Собранието бидејќи ќе ја продлабочат политичката криза, а ако веќе донеле таква одлука, тогаш се очекува да ги замрзат и платите во Собранието.