Балкан
18. May 2020 - 10:33

Зоран Тегелтија: Во БиХ од оваа недела отворање на границите за бизнисмени

Границите на БиХ ќе бидат отворени на 1 јуни, пишува „ЕвроБлиц“, а претседателот на Советот на министри Зоран Тегелтија најави дека деловните луѓе од странство ќе можат да ја преминат границата на БиХ уште оваа недела, со задолжително почитување на мерките.

Тегелтија вели дека Советот на министри деновиве ќе ја има таа тема на агендата.

Весникот наведува дека Советот на министри треба да ја промени одлуката за посебните услови за влез на странците во БиХ и на тој начин да овозможи влез и престој на бизнисмени од странство кои имаат важни деловни обврски во БиХ.

Услов за тоа ќе биде тие да имаат потврда за негативен тест за коронавирусот од овластена лабораторија, не постара од 48 часа, и покана од компанијата.