Македонија
26. April 2016 - 13:19

Зоран Караџовски нов претседател на Судскиот совет

Судијата од Апелацискиот суд Битола, Зоран Караџовски, денеска е избран за нов претседател на Судскиот совет на Република Македонија. Караџовски на денешната седница е избран едногласно, со 12 гласа од членовите на Советот.

Новоизбраниот претседател вети дека ќе се залага за спроведување на започнатите реформи во судството и за донесување законски проекти за унапредување на судството во Македонија. Негов заменик во Судскиот совет ќе биде Шемседин Јусуфи.