Балкан
2. March 2016 - 18:59

Зоран Ѓорѓевиќ нов српски министер за одбрана

Досегашниот секретар во Министерството за одбрана на Србија, Зоран Ѓорѓевиќ денеска беше избран во Собранието за нов министер за одбрана.

Него го поддржаа 165 пратеници додека против беа осуммина. По гласањето, Ѓорѓевиќ положи заклетва пред парламентот.

На таа функција е избран по предлог на премиерот Александар Вучиќ наместо Бранислав Гашиќ кого парламентот поради сексистички коментари кон новинарка го разреши на 5 февруари, исто така на предлог на премиерот.