Македонија
14. May 2020 - 11:10

Зоолошката градина во Скопје од петок отвора за посетители

По двомесечната пауза поради пандемијата со корона вирусот, ЗОО Скопје по се изгледа дека во петок ќе ги отвори вратите за посетителите.

-Да. Имаме најава за петок. Ние сме подготвени. Пандемијата е смирена и сепак Зоолошката е голем отворен парк, кој може да се контролира. Ќе работиме по протокол. Целосна дезинфекција, вработените маскирани, дезинфекција за посетителите. Редари ќе внимаваат на растојанието и се што е потребно. Посетителите се нестрпливи, секојдневно прашуваат и се надеваме дека во петок ќе отвориме – истакна Ѓорѓи Галетановски, директор на скопската Зоолошка градина.