Живот
26. January 2017 - 11:50

Зоолошка во Австралија ги охрабрува посетителите да донираат смртоносни пајаци

Паркот за диви животни во австралиската метропола Сиднеј веќе некое време ги поттикнува луѓето да фатат смртоносен т.н. инкаст пајак („Atracinae") и да го донираат ним.

Причината е едноставна - повеќе залихи противотров за живтоните што се чуваат таму и коишто често се слкучува да ги гризне отровен пајак, но и за луѓето, како што откриива открива генералниот директор на Паркот, Тим Фокнер.

„Австралиски парк за рептили“, како што гласи името овој градски објект, е единствениот доставувач на противотров во земјата од 1981. АВ Австралија во последно време се повеќе се соочува со напади од смртоносни пајаци.

И покрај застрашувачкиот австралиски животински свет, од 1981 година, кога е и започната таа програма, се досега никој не починал од каснување од пајак.