Македонија
16. January 2020 - 16:29

Зонско паркирање и во Карпош!?

Општина Карпош од следната недела ќе почне анкета меѓу жителите на населбите Карпош 1 и 2, за воведување на зонско паркирање. Досега до општината пристигнале 350 барања од станарите на овие две населби, дека сакаат паркинзите да се плаќаат, по примерот на општина Центар и Аеродром.

Дел од станарите кои сакаат зонско паркирање, се жалат дека немаат каде да ги паркираат своите автомобили, поради возила од други општини. Но не сите сметаат дека на овој начин ќе се реши проблемот.

Доколку се воведе зонско паркирање, Карпош 1 и 2 ќе бидат зона Д, а ќе се обележат веќе постоечките паркинзи. Час паркинг ќе чини 25 денари, но за жителите на двете населби ќе биде бесплатен.