-->
-->
ЗОИ: Трето злато за Американецот Вајт
-->
Американскиот репрезентативец во сноуборд Шон Вајт продолжува со успешните настапи на ЗОИ во Пјонгчанг.
Вајт го освои третиот златен олимписки медал за американскиот сноубордер откако денеска триумфираше во дисциплината халфпајп. Тој имаше голем дуел со јапонецот Ајуми Хирано кој го освои сребрениот медал
„Пресреќен сум. Поминав многу за да дојдам до тука. Впрочем го направив истиот трик кој ме повреди на халфпајпот денеска. Искрено ова е едно од најпредизвикувачките возења кои сум ги имал. Финалната рунда беше најдобрата која сум ја направил во мојата кариера и тоа се случи пред сите мои пријатели, фамилијата и целиот свет кој гледаше“,изјави Вајт.
Златниот медал на Вајт е стотиот медал генерално за САД на Зимска олимпијада.
Силниот ветар во Пјонгчанг денес ги принуди надлежните да ја одложат дисциплината слалом во женска конкуренција - трет настан во програмата за овој спорт, кој е погоден од неповолни временски услови во Јужна Кореја.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Експерти: По обвинението првата антикорупционерка треба да се тргне од функцијата
-
Објавен тендер за трет мобилен оператор
-
Шукова уште пред 3 месеци се самокандидирала во СДСМ за Скопје
-
Преглед на вестите од светот
-
СДСМ ја кандидира Каја Шукова за градоначалник на Скопје
-
Тема на денот со Горан Марковски, декан на Градежниот факултет
-
СДСМ ја кандидира Каја Шукова за градоначалник на Скопје
-
Вештачката интелигенција од септември ќе се применува во средните училишта во Македонија