Спорт плус
6. February 2022 - 11:25

ЗОИ: Садовски освои историско злато за Нов Зеланд

Зои Садовски-Сајнот влезе во историјата на Нов Зеланд, откако го донесе првото злато на една Зимска Олимпијада за државата со сензационална победа во сноуборд-слоупстајл натпреварувањето во Пекинг.
 
20-годишната Садовски-Сајнот ја совлада Американката Џулија Марино и Австралијката Тес Коуди за првото од седумте злата на вториот ден од Олимпијадата во Пекинг.
 
„Кралската“ трка, машкиот спуст, не успеа да се оддржи, откако ветерот повторно направи проблеми во Јанкинг алпскиот центар. Жирито на трката неколку пати ја одложуваше трката, пред конечно да ја откаже.