Loading Video...
Спорт плус
16. February 2018 - 15:56

ЗОИ: Освојувачи на медали - Шифрин остана без медал во слалом

На седмиот натпреварувачки ден на ЗОИ во Пјонгчанг својот  втор воедно и последен настап на Олимпијадата го имаше македонскиот знаменосец Ставре Јада.
 
Јада го освои 99-тото место во конкуренција на 119 натпреварувачи на трката од 15.км. крос-кантри. Тој заостана речиси 9,5 минути зад победникот Дарио Колоња од Швајцарија.
 
Од нашите претставници остануваат уште двата настапи на алпинецот Антонио Ристевски  кој на 18-ти ќе настапи во велеслалом, а четири дена подоцна (22 февруари) ќе се појави и на слаломската трка. 
 
Австриецот Матијас Мајер ја освои олимписката титула во Супер-велеслалом, кај мажите, Мајер имаше само 13 стотинки подобро време од Швајцарецот Фојц, односно 18.стотинки од Јансруд, од Норвешка за кој ова е втор медал на Олимпијадата во Пјонгчанг. 
 
Фрида Хансдотер конечно се закити со олимписко злато. Швеѓанката, беше подобра од конкуренцијата по двете слаломски трки по кои најголемата фаворитка Михаела Шифрин заврши четврта и остана без медал. 
 
На радост на домашната публика Сунбин Јун ја освои олимписката титула во скелетон за мажи, што е прв златен медал во овој спорт за претставник на Азија
 
25-годишната Белорусинка, Хана Хушкова го освои златниот медал во скијање слободен стил, откако за своите акробатски изведби доби најголеми оценки од судиите. 
 
Младата 22-годишна Италијанка, Микала Молиоли ја изненади конкуренцијата во финалната трка во сноуборд крос, па прва ја мина целната линија и го освои златото. 
 
Нејзината врсничка, Есме Висер ја продолжи доминацијата на холандските лизгачи. Таа триумфираше во трката на 5.000 метри во брзо лизгање, со што и го донесе седмото злато во осумте финални дисциплини досега, а вкупно 11-ти медал за Холандија во овој спорт.