Loading Video...
Свет
9. February 2018 - 16:53

ЗОИ обид за помирување на двете Кореи

Стартуваа 23 тите  зимски  олимписки игри во градот Пјонг Чанг , во Јужна Кореја. Паралелно со спортските натпревари, ќе има и политички средби.  Јужнокорејскиот претседател Мун ЏАе Ин спортскиот настан  го нарече мировна олимпијада која треба да  отвори врата за дијалог и да го убдеи Пјонгјанг да се откаже од своите нуклеарни амбции. Тој  ќе има одвоени разговори  со Ким Јо Џонг, сестрата на севернокорејксиот лидер и со американскиот потпретседател Мајк Пенс.  Пенс веќе се сретна со јапонскиот премиер Шинсо Абе а Според најавите,нема да има средба  со  Јо Џонг. Инаку Јо Џонг е прв член на севернокорејското владејачко  семејство кој ја посетил Јужна Кореја по Корејската војна од 1950  до 1953 година.  Олимпијадата ќе трае до 25 февруари.