-->
-->
ЗОИ: Ќе бидат ли казнети, Севернокорејците без медал од Пјонгчанг?!
-->
Севернокорејската олимписка репрезентација се враќа од Зимските олимписки игри во Пјонгчанг без ниту еден медал, а медиумите веќе шекулираат дека по враќањето, дома ги чека остра казна. Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун, испрати 22 спортисти и армија од 280 навивачки во надеж дека неговата земја ќе оствари некаков историски успех на Олимписките игри во Јужна Кореја.
„Дејли мејл“ пишува дека по враќањето без медали, можно е спортистите да завршат во некој од севернокорејските казнени затвори. Севернокорејскиот режим е познат по острите казни, а многу извештаи говорат за тоа дека цели спортски тимови јавно се посрамени бидејќи лошо се покажале на меѓународните натпреварувања.
Дедото на Ким Џонг-ун наводно ја уапсил и затворил во работнички камп фудбалската репрезентација кога испаднала од Светското првенство. Се шпекулира дека фудбалерите премногу се забавувале пред натпреварот во второто коло со жени и алкохол, а по враќањето дома, властите ги уапсиле и ги испратиле во концентрационен логор.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Таткото на Вања повторно бара слобода од Врховниот суд
-
Тошковски: Мирен изборен ден
-
Преглед на вести од светот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 18:30 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 15 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 13 часот
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето