Спорт плус
20. February 2018 - 7:35

ЗОИ 2018: Злато за Канада и во слободно скијање

Натпреварувачите од Канада денеска од двете завршени финални дисциплини на Олимписките игри во Пјонгчанг освоија два злата. Покрај златото во уметничко лизгање на највисокото место на победничкиот пиедестал се искачи и Кејси Шарп во слободно скијање - дисциплина „халфпајп“. Таа освои 95.80 поени.
Сребрениот медал исто како и пред четири години во Сочи го освои Французинката Мари Мартино со 92.60 поени. За 33-годишната Французинка ова беше последен настап на Олимписки игри.
Бронзениот медал го освои Американката Брита Сигурни со 91.60 поени.