Спорт плус
21. February 2018 - 15:22

ЗОИ 2018: Триумф на Германките во боб двосед

Мариама Јаманка и Лиса Буквиц се закитија со златото во боб двосед во женска конкуренција. 
 
Германките имаа за само 7.стотинки побрзо вкупно време  од Американките, Елена Мајерс Тејлор и Лорен Гибс. 
 
Бронзата отпатува за Канада на градите на Каичл Хамфраијс и Филиција Џорџи.