Спорт плус
20. February 2018 - 15:16

ЗОИ 2018: Домаќините се радуваа на злато во брзо лизгање

Голема радост на домашната публика и донесе женскиот тим во брзо лизгање на кратки патеки. 
 
Штафетата на Кореја беше најбрза во трката на 3.000 метри, освојувајќи го златниот медал пред селекцијата на Италија, со што ја одбранија титулата од Сочи од пред четири години.
 
Најинтересно беше во борба за бронзениот медал во која Кина и Канада беа дисквалификувани по што Холандија со време од нов светски рекорд ја освои бронзата.