Спорт плус
12. February 2018 - 7:23

ЗОИ 2018: Американката Андерсон го одбрани златниот медал од Сочи

Американската олимпијка Џејми Андерсон го освои златниот медал денеска на третиот ден на Игрите во Пјонгчанг во дисциплината сноуборд - слопстајл. Таа со овој резултат го одбрани златото освоено пред четири години во Сочи.

Лори Блуин од Канада се закити со среброто, додека Ени Рукајарви од Финска го освои бронзениот медал.