Македонија
26. August 2019 - 8:37

ЗНМ, СЕММ и Стопанската комора ќе потпишат Меморандум за соработка

 Здружението на новинари на Македонија, Советот за етика во медиумите на Македонија и Стопанската комора на Македонија денеска ќе потпишат Меморандум за соработка.
 
Како што соопшти ЗНМ, со потпишувањето на Меморандумот ќе се означи почетокот на проектот во чиј фокус ќе биде саморегулацијата на онлајн медиумите во Северна Македонија, а ќе го спроведуваат ЗНМ и СЕММ во соработка со Стопанската комора на Македонија.