Македонија
15. December 2018 - 17:00

ЗНМ избира нов лидер

Со 86 гласа Младен ЧАдковски е избран за нов претседател на ЗНМ. Вториот кандидат Стојан Наумов доби 77 гласа од вкупно 169 членови кои денеска присуствуваа на изборното собрание.  Процентот за гласање според статутот на здружението беше исполнет иако во ЗНМ има 550 активни членови. Чадиковски порача дека како претседател ќе работи за силно, професионално и солидарно здружение, кое ќе ја гради довербата внатре во фелата но и пред читателите и гледачите.

Наумов кој освои само 9 гласа помалку, презентирајќи ја својата програма посочи дека во Македонија има голем број поратали кои објавуваат непотпишани текстови, шират пропаганда и лажни вести и истакна дека е време истите да бидат регулирани со закон. Тој не се воздржа од критики кон досегашното раководство и рече дека доколку тој биде избран за претседател ќе изгради силно  ЗНМ кое ќе се бори за подобар статус на новинарите. 

ЗНМ избра нови членови на Управен, Надзорен Одбор и на судот на честа. На изборното собрание присуствуваа и советникот од Делегацијата на ЕУ Фрејк Јанмат и  Рикардо Гутиерез генералниот секретар на Европската федерација на новинари.