ЗНМ го осудува нападот врз новинарската екипа на Нова ТВ
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) го осудува нападот врз новинарската екипа на Нова ТВ во Скопје извршен од, како што се наведува, претставник на граѓанската иницијатива за собирање потписи против изградба на бегалски кампови во Македонија.
- Нападот врз екипата на Нова ТВ е недвосмислен атак врз слободата на говорот и правото на граѓаните да бидат информирани. Ја повикуваме опозицијата да го повика членството и своите поддржувачи да престанат веднаш со напади против новинари затоа што политиката на насилство е погубна, се вели во соопштението од ЗНМ.
Оттаму наведуваат дека се охрабрени од брзата реакција на Министерството за внатрешни работи кое, како што се посочува, веднаш го идентификува лицето, го повика на информативен разговор и најави кривична пријава за насилство.
- Изградба на ефикасен систем за казнување на секое насилство против новинарските екипи е најдобрата превенција слични инциденти да не се повторат во иднина, стои во соопштението на ЗНМ.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација