Македонија
11. јуни 2017 - 18:42

Знамето поставено на Јужна трибина - Се е подготвено за почеток на натпреварот

Се е подготвено за вечерашниот квалификациски натпревар меѓу Македонија и Шпанија на „Телеком арената“ во Скопје.

Завршени се комплетните подготовки за спектаклот кој треба да биде, пред се, ужување за сите домашни фудбалски фанатици. Од ФФМ планираат поставување на Јужната трибина и на мозаик од знаменца кои ќе го формираат македонското знаме преку целата трибини. Пред мечот ќе продефилираат и младите репрезентативци кои утре заминуваат за Полска.

Квалификацискиот дуел за пласман на СП 2018 ќе биде под мониторинг и на претставници на УЕФА, со оглед на тоа што ќе биде еден вид генерален тест околу нашата организациска подготвеност за Суперкупот 2017 меѓу Реал Мадрид и Манчестер јунајтед кој не очекува на 8. август.