Знамето на НАТО ќе биде подигнато пред македонската Влада
Денеска пред Владата ќе биде објавено новото уставно име и ќе биде подигнато знамето на НАТО, кое ќе се најде веднаш до државното пред седиштето. На свечената церемонија ќе говори премиерот Зоран Заев.
Од зградата на Владата веќе е тргнат написот „Влада на Република Македонија". Се очекува стапувањето во сила на уставните амандмани по што ќе бидат објавени во Службен весник.
До доцна синоќа нотата од Грција сѐ уште не беше пристигната за да бидат исполнети сите правни услови за влегување во сила на конечната Спогодба и уставните амандмани.
Потоа, Република Северна Македонија и Грција ќе поднесат заедничко писмо до генералниот секретар на ОН, Антонио Гутареш, дека се става крај на децениските билатерални спорови помеѓу двете земји. Потоа, генералниот секретар на ОН, земјите-членки, земјите набљудувачи на ОН и сите други меѓународни организации ќе бидат информирани за промената на името.
Македонската влада веќе формира тим за подготовка на национален акциски план за спроведување на понатамошни мерки за воведување на новото име од страна на државните институции, промена на граничните табли и на оние на дипломатско-конзуларните претставништва.
Ново на Сител
-
Разбиена криминална група која тргувала со оружје во Косово и Албанија, уапсени 14 лица
-
Отстранети неколку диви депонии во Ѓорче Петров, Чаир и Бутел
-
Изгласани законски измени за забрзување на изградбата на делниците на коридорите 8 и 10д
-
Урош Блажиќ прогласен за виновен за масакрите во две села во Србија, осуден на затворска казна од 20 години
-
За викендот повремен дожд, снег и ветер
-
Ѓоковиќ ќе игра на турнирот во Доха
-
Кривична пријава за охриѓанец кој си изградил куќа без одобрение
-
Изгласан Законот за извршување на Буџетот за 2025