Живот
26. May 2018 - 19:33

Знаете ли за што служи рачката на внатрешниот ретровизор во автомобилите?

Некои возачи тоа го знаат додека другите за тоа не размислувале премногу.
 
Како и да е, малата рачка на внатрешниот ретровизор сигурно не служи за поставување на разни украси…
 
Тоа е рачка за ден/ноќ возење, односно служи за заштита на возачите при ноќно возење да не ги заслепат светлата на возилата кои се наоѓаат позади нив.
 
Експертите објаснуваат што всушност се случува:
 
– При ноќно возење може да се случи да ве заслепат силните светла на возилата кои доаѓаат или возат позади вас. на долниот дел ретровизорот е рачката која можете да ја повлечете или гурнете. Огледалото се поместува надоле или нагоре и силната светлина позади вас нема да ви смета. Вратет ја рачката во почетната позиција и огледалото ќе се помести во идентична позиција, објаснуваат за порталот Интруктор вожње.
 
Додаваат дека и внатрешниот и надворешните ретровизори се подесуваат откако возачкото седиште е во најдобра положба за возење.