Живот
13. May 2018 - 21:05

Знаење кое може да ви го спаси животот - што да сторите ако ве нападне змија

Често се случува некого да го касне змија, тоа навистина може да биде опасно. Она што треба да го имате на ум е дека змијата нема да ве нападне доколку не ја допирате или не и праавите нешто.
 
Доколку случајно ја допрете, таа ќе помисли дека сакате да ја нападнете.
 
Симптоми кои се јавуваат откако ќе ве касне се следниве:
 
-Вртоглавица , Мачнина и повраќање, Оток на лимфните јазли
 
Освен тоа, на местото каде што ве каснала се појавуваат две точки. Личноста која е касната од змија треба веднаш да повика брза помош.
 
Она што не смеете да го правите:
 
-Никако не ја врзувајте раната и не шмукајте го отровот со уста, До доаѓањето во болница никако не пијте никаква течност,
 
Како да се заштитите од каснување:
 
-Кога знаете дека ќе одите во природа, облечете се соодветно, долги чизми и панталони. ,Не протнувајте ги рацете во грмушки, Не подигнувајте тешки камења бидејќи често под нив се наоѓаат змии