Значително зголемен приливот на нови бегалци и мигранти на грчките острови
Во последните два дена на грчките острови е регистриран значителен пораст на приливот на нови бегалци и мигранти што предизвикува загриженост кај грчките власти.
На Лезбос изминатиов викенд пристигнале 100 лица, на Хиос 230, додека на Самос не се регистрирани нови бегалци и мигранти.
Локалните власти на Хиос предупредија дека ако приливот на бегалци продолжи со овој интензитет, ситуацијата на островот „е на пат да излезе од контрола“.
Како што јави дописникот на МИА од Атина, бегалците и мигрантите на Хиос и Лезбос изминатиов викенд одржаа и протести по повод една година од потпишувањето на договорот меѓу ЕУ и Турција. Стотици бегалци и мигранти се изјаснија за поништување на договорот, за затворање на прифатните центри и бараа да им се обезбеди слободен пристап до Европа.
Според официјални податоци, на грчките острови синоќа имало вкупно 8.607 мигранти и бегалци кои бараат азил во Грција и нивните барања се уште не се разгледани.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација