Македонија
24. May 2020 - 19:37

Значително помалку пожари на отворено во битолско оваа година во споредба со лани

За разлика од минатата година, во првите пет месеци од оваа година битолската противпожарна единица има значително помалку интервенции кога се работи за пожари на отворен простор. Од почетокот на годината досега интервенирале 240 пати.

-Во однос на минатата година, мај 2019 далеку далеку се намалени. Интересно е што лани во март беа актуелни пожарите на отворен простор, до овој моменти тие се минорни, изјави Костадин Поповски, командир НА ТППЕ Битола.

Голем придонес во намалениот број пожари на отворено има тоа што луѓето последните месеци помалку се движат по полињата и нивите заради полицискиот час, а со тоа се намали и палењето на стрништата. Секоја година од битолската противпожарна единица апелираат да не се палат стрништата затоа што може да предизвикаат голема штета.

-Како што ги немавме досега пожарите на отворен простор, а тоа е благодарение на смаленото движење низ полето, се надевам дека и оваа година ќе продолжиме така, совеста ќе се зголеми, а и последните години го немаме тој интензитет како што го имавме во поранешните години, вели Поповски.

Поповски потенцира дека палењето оган на отворен простор е кривични дело, а минималната казна е три години затвор.