Балкан
3. November 2016 - 18:05

Значително намален приливот на бегалци кон грчките острови во Егејското Море

Значително намален е приливот на бегалци кон грчките острови во Егејското Море, објави електронското издание на грчкиот весник „Етнос", пренесува БТА.

Во последните 24 часа на островот Лезбос пристигнале 31 бегалци. Во истиот период, на островите Хиос и Самос не пристигнал ниту еден мигрант.

Полициските податоци покажуваат дека во моментов на островите во северниот дел на Егејското Море се блокирани 11.830 мигранти, при што најголем е бројот на островот Лезбос - 5.408.