Loading Video...
Фудбал
4. May 2019 - 18:08

Значајна победа на Силекс со 3:0 над Академина Пандев, без победник на дуелот Шкупи – Вардар 2:2

Фудбалерите на Силекс забележаа значајна и убедлива победа над трето пласираната екипа на табелата Академија Пандев совладувајќи ја со 3:0.
 
Серијата на погодоци за кратовци ја отвори  Марко Рајковиќ со евро-голот постигнат од 20 метри во 26-минута. 
 
Во вториот дел најнапред Благојевиќ во 74-минута зголеми на 2:0, а Рајковиќ со својот втор погодок постигнат во 79-минута ги постави конечните 3:0 за Силекс. 
 
На дуелот одигран на стадионот Чаир во Скопје, домашната екипа на Шкупи во два наврати имаше водство против Вардар со головите на 
 
Сержињо (32.минута) и  Бајрами (80), додека вардарци успеваа да го израмнат резултатот преку Реис Жуниор (43) и Мицевски (88)
 
На останатите натпревари. Шкендија славеше на гостувањето против Работнички со 1-0. Беласица со 3-1 ја победи Македонија Ѓ.П. додека Ренова ја декласира Победа со дури 9-1.