Loading Video...
Фудбал
8. July 2020 - 15:39

Значаен бод за Лестер кај Арсенал во трката за Лигата на шампионите

Тимот на Лестер освои значаен бод на гостувањето кај Арсенал во трката за место кое носи пласман во Лигата на шампионите  
 
Со голот на Џејмс Варди во финишот на натпреварот, екипата на Лестер остана непоразена на гостувањето во Лондон, играјќи нерешено 1:1 против Арсенал. 
 
Иако домаќините имаа предност повеќе од еден час, откако Обемејанг го постигна првиот гол на мечот, сепак во продолжението, популарните „топчии“,  останаа со играч помалку откако Нкетиа во 75.минута заработи црвен картон. 
 
Бројчаната предност Лестер конечно ја искористи во 84-минута со голот на Варди. 
 
Така сега Лестер останува на четвртото место на табелата со 59 бодови четири повеќе од Манчестер Јунајтед кој вечерва игра против Њу Касл, додека Арсенал го губи чекорот па дури и му е загрозено седмото место бидејќи има само два бода повеќе од Тотенхем и Шефилд Јунајтед кои допрва треба да ги играат своите натпревар од 33-тата рунда во Премиер лигата.