Живот
14. јуни 2019 - 21:33

Змијата сакала да оди на летување, се скрила во ранецот на турист и од Флорида дојде на Хаваи - авионски без никој да ја забележи

Змија се скрила во торбата на еден патник и не била забележана се додека не завршил патот од Флорида до Хаваи, јавија официјалните власти.

Змијата се појавила од ранецот на човекот кога стигнал во Мауи во понеделникот.

Американското министерство за земјоделство соопшти дека 20-годишното момче од американската држава Вирџинија не знаело дека ја носи смијата се додека не стигнало до своето смествуање на Хаваите.

Змијата која не е отровна е долга околу 30 сантиметри, соопштија властите. Сопственикот на изнајмениот стан каде се сместило момчето на посетителот му рекол дека змиите се илегални на Хаваи и ја известил полицијата која дошла и ја фатила змијата.

Момчето рекло дека не ја донело намерно змијата кога тргнало од Флорида каде тој вид на змија е многу чест и може да порасне до 1,8 метри.

Поседување или намерно превезување на илегални домашни миленичиња е кривично дело на Хаваи за кое може да се плати казна од 200.000 долари и да се добие затворска казна од 3 години.

Змиите немаат природни предатори на Хаваите и претставуваат закана за природните видови на Хаваи.