Живот
13. јуни 2019 - 21:31

Змија зграпчи цела риба: Дали ќе ја врати во вода или ќе ја проголта?

Да беше ова бајка, можеби ќе ја раскажевме вака: „Рибата случајно се нашла на суво и многу сакала што побрзо да се врати во вода. Тоа го слушнала змијата и и рекла: „јас ќе ти помогнам“ и ја зграпчила со устата и ја вратила во водата“.

Но, ова не е бајка, туку сурова реалност. Рибата, која на непознат начин се нашла на пристаништето, водената змија се обидува да ја проголта одеднаш, за тоа полека да ја свари на дното на водата.