Балкан
18. April 2018 - 12:34

Змии го преплавиа регионот: Смокови извлечени од под хауба, канцеларија и детско игралиште

Месец април и не е така карактеристичен по голем број на змии, но сепак работниците од ЗООХигиена Лесковец веќе имале неколку интервенции и ваделе смокови од под хауба на автомобил, канцеларија и откриле цело гнездо.

Во неделата околу пладне се кренала паника кога во градскиот парк дете забележало змија до детското игралиште, пишува Југумедија.

- Еден маж затекнал смок под хаубата на својот автомобил, а змија влегла и во канцеларија не еден извршител, во Пресочени најдовме и легло на змии под камен и извлековме околу 11- рекол директорот на Комуналец, Владимир.

Тој ги советува сите , доколку дојде до средба со змија да не се паничи, туку веднаш да се реагира и да се повикаат надлежните служби за да го решат случајот.

Важно е да знаете дека змијата која ќе ја здогледаат никако не смеат да ја убијат, зошто за тоа следи казна и до 30.000 динари.