Loading Video...
Спорт плус
1. March 2019 - 14:58

Злато и сребро за македонските борци на ЕП во таеквондо

Нов голем успех на македонските спортисти, кои на ЕП во таеквондо освоија злато и сребро.
 
На седмото Европско клупско првенство во таеквондо што се одржува во Солун, македонскиот претставник   клубот Бутел освои два медали. 
 
Филип Додевски, кој настапи во категорија -87.кг со петте победи  европски шампион со пет победи над Грците Диамантидис и Антониос, Бабаевски од Русија, Трабелси од Тунис кој настапува за австриска екипа и Србинот Драшко Јованов го освои златниот медал. 
 
Дејан Георгиевски кој пак настапуваше во категоријата  +87.кг со двете победи над Марчетиќ од Србија и Омар од Франција, а по поразот од актуелниот светски шампион Абдул од Нигерија (настапува за австриска екипа) мораше да се задоволи со сребрен медал. 
 
Одлични настапи имаа и Анамарија Георгиевска, Марко Стевиќ и Иван Крстевски кој пак во тесна битка за малку не успеа да освои медал.