Македонија
12. November 2015 - 17:38

,,Златно славејче‘‘ по 45-ти пат, за прв пат тридневен фестивал во салата ,,Борис Трајковски‘‘

Јубилејно 45-издание на ,,Златно славејче,,  фестивалот  на детска песна со најдолга традиција  во Македонија и регионот.

Трите претстави  ќе се одржат на 19, 20 и 21 ноември со почеток во 12 часот, за првпат во арената ,,Борис Трајковски,,.

Нови  17 композиции кои ќе бидат изведени  и беа подготвувани во изминатите девет месеци, се дело на познати македонски автори.

Организаторите најавуваат  богата програма со песни што ќе ги задоволат вкусовите и критериумите на децата, но и на постарите вљубеници во фестивалот.Песни во кои ќе се  пее за детството, радоста, музиката, љубовта, за позитивните вредности на човекот.

Специјални  гости на јубилејното издание  ќе бидат Даниел Kајмакоски, Трајче Георгиев,  Давид Темелков и децата од шоуто „Пинк ѕвездички“ .

Организатор  на фестивалот е Сојузот за грижа и воспитување  на децата на град Скопје, а  под  покровителство на Град Скопје и  Министерството за култура.