Златни медали за беровските гимназијалци на меѓународен натпревар
На есенската сесија на меѓународниот натпревар „Математика без граници“ во Стара Загора, Бугарија, учениците од беровската гимназија „Ацо Русковски“ освоија три златни медали и еден сребрен.
Директорот Гоце Џалевски, при доделувањето на медалите и сертификатите рече дека тие се потврда за квалитетната настава во беровската гимназија.
- Наши ученици учествуваа на меѓународниот натпревар кој е поделен во четири квартали, а во есенскиот дел ние учествувавме со четири ученици и сите добија медали. Значи освоивме три златни и еден сребрен медал што е огромен успех за нашето училиште. Имаме доста талентирани ученици, можам да се пофалам дека во природните науки сме многу добри и тешко дека некој ќе нѐ победи. Како училиште даваме поддршка на овие ученици и ги обезбедуваме сите средства потребни за настапи на наши ученици на вакви натпревари, рече Џалевски.
Професорот по математика Крум Спенџарски, рече дека на натпреварот учествуваат илјадници ученици од сите континенти.
- Овие ученици и досега покажуваа одлични резултати на натпреварите. Ова натпреварување е само доказ дека со програмата по математика и со наставата, се движиме во вистинска насока, а овие ученици ги подготвуваме за натпреварите и за останатите квартали, како зимскиот, потоа пролетниот, а финалниот летен натпревар ќе сеодвива во Несебар, Бугарија, рече Спенџарски.
Златни медали на меѓународниот натпревар освоија учениците Христијан Чочевски и Моника Стојовска ученици од трета година гимназиско образование и Милан Тасевски од втора година, а сребрен медал освои Никола Чамовски ученик во трета година.
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка