Фудбал
26. November 2017 - 10:11

Златната копачка за Меси

Лионел Меси се израмни со Кристијано Роналдо со освојувањето на четвртата „Златна копачка“ добивајќи ја наградата за најдобар стрелец во сезоната 2016/2017.
 
Меси постигна 37 гола во Ла Лига во 2016/2017 година, четврти пат ја освои наградата по успесите во 2010, 2012 и во 2013 година. Неговиот импресивен скор дојде од 34 натпревари и тој ги победи Баст Дост, кој постигна 34 гола за Спортинг во португалската лига, и Пјер-Емерик Обамејанг, кој имаше 31 гол во Бундеслигата за Борусија Дортмунд.
 
Роналдо, кој ја освои наградата во 2008, 2011, 2014 и во 2015, постигна 25 гола лани и не беше ниту во топ-5. Луис Суарез беше петти со 29 гола, еден помалку од четвртопласираниот Роберт Левандовски за Баерн Минхен.
 
Македонија исто така има свој поранешен носител на оваа престижна награда кога Дарко Панчев во 1991 година го доби трофејот за 34-те гола со тогашниот европски шампион, Црвена звезда.