Loading Video...
Фудбал
18. December 2018 - 17:01

„Златната копачка“ по 5-ти пат за Меси

Денеска во Мадрид свечено му е врачена златната копачка на фудбалерот на Барселона Лионел Меси како најдобар стрелец во минатата сезона во Европа со 34 постигнати гола. 

Со тоа Аргентинецот стана првиот фудбалер кој 5 пати во кариерата ја добил оваа престижна награда на Франс фудбал. 

Меси го доби трофејот во конкуренција на Салах со 32 и Хари Кејн со 30 погодоци.