„Златна палма“ во Кан за „Плоштадот“ на Рубен Остлунд
Шведскиот филм „Плоштадот“ на режисерот Рубен Остлунд ја доби наградата „Златна палма“ на 70-от јубилејен Филмски фестивал во Кан.
Како што јави дописникот на МИА од Париз, победата на Остлунд, кој пред три години со драмата „Виша сила“ освои награда за најдобра режија, претставува изненадување, иако филмот добро помина кај критиката. „Плоштадот“ е необична сатирична комедија за уметничкиот свет.
Наградата на Остлунд му ја врачија претседателот на фестивалското жири Педро Алмодовар и актерката Жилиет Бинош
Францускиот фаворит за највисоката награда „120 отчукувања во минута” на Робин Кампијо, кој говори за подемот на активизмот за борба против СИДА-та, освои Гран при на жирито.
Признанието за најдобар режисер го доби Софија Копола за филмот „Измамени“, кој е римејк на истоименото дело на Дон Сигел од 1971 година. Станува збир за трогателна драма за Американската граѓанска војна со Никол Кидман и Кирстен Данст.
- Му благодатам на татко ми што ја сподели со мене љубовта кон киното, рече ќерката на Френсис Форд Копола, примајќи ја наградата.
Нејзиниот руски колега Андреј Звјагинцев пак го доби најголемото признание од жирито, Звјагинцев ја заслужи наградата со филмот „Без љубов“, кој е слика на бруталното и нехумано руско општество.
Никол Кидман, освои специјална награда на жирито по повод јубилејното 70-то издание за улогите во два филма - „Измамени“ на Софија Копола и „Убиството на светиот елен“ на Јоргос Лантимос.
Даен Кругер ја доби наградата за најдобра актерка за улогата во „Во сенката“ на режисерот Фатих Акин.
Американскиот актер Хоакин Феникс освои статуетка за најдобар актер за улогата во ветеран од Ирак во психолошкиот трилер на британската режисерка Лин Ремзи „Никогаш не си бил всушност тука“.
Златна камера за деби освои „Млада девојка“ на француската авторка Леонор Серај.
„Златна палма“ за краток филм му беше доделена на 15-минутниот кинески филм „Нежна ноќ“ на режисерот Циу Јан.
Ново на Сител
-
Приведен 20-годишник кој бил баран со потерница поради бегство од Затворот Гевгелија
-
Боки 13 бара повторено судење за „Рекет“ - има докази со кои ќе покаже каде завршиле парите од чантата Луј Витон
-
Советот НАТО-Украина ќе одржи вонреден состанок за противвоздушната одбрана на Киев
-
Спречен нов атентат врз Зеленски, уапсен Полјак кој соработувал со Русите
-
Бојмацалиев: Една година ФРОНТЕКС - прв договор потпишан на македонски јазик со ЕУ
-
Избрани 12 поротници за судењето против Трамп
-
Директорот на ЦИА предупредува дека Украина би можела да ја изгуби војната до крајот на годинава ако Конгресот не ја одобри помошта за неа
-
Кривична пријава за директор на ЈП „Стрежево" Битола за злоупотреба на службена положба и злоупотреба на постапка за јавен повик