Loading Video...
Спорт плус
17. December 2019 - 19:43

Златна лига: Македонија во група со Турција, Чешка и Португалија

Македонската одбојкарска репрезентација доби тешка група во Златната лига во која ќе игра за првпат во својата историја. Првите натпревари  се закажани за мај наредната година.

Турција, Чешка, Португалија и Македонија ја сочинуваат Ц- групата  од Златната лига која на крајот на победникот ќе му донесе награда од  125 илјади евра.

Според правилата само победникот во групата ќе ги продолжи натпреварите.  Засега се знаат само термините по принцип, дома- гости.  Натпреварите ќе стартуваат на 25-ти мај а ќе завршат на 16-ти јуни. Завршниот турнир е закажан за 20-ти и 21. Јуни. Сите овие селекции во групата како и нашата репрезентација настапија напоследното Европско првенство.

„Ова е повисоко ниво на натпреварување од Сребрената лига и тука нема лесни противници. Добро е што стартуваме дома и ако победиме би бил одличен почеток. Ова е млада екипа која веќе има поголемо искуство и може да испише нова историја во европската одбојка.  Имаме време да собереме информации и да се подготвиме“ – изјави за медиумите  капитенот Никола Ѓорѓиев.