Златна грозница: Се бараат берачи на марихуана, плата и до 900 долари дневно
Осиромашените граѓани на Црна Гора пронаоѓаат начини да стигнат до калифорниските плантажи на марихуана, каде физичките работници можат да заработат стотици долари дневно.
Поради партиските вработувања во државата, Игор, кој учел медицина, одлучил да сврти нов лист и да замине во Калифорнија, на повик на тамошен пријател од Подгорица.
Таму ќе работи како нискоквалификуван работник во округот Хумболдт, на плантажа со марихуана која во таа држава е легализирана за медицински цели, а од почетокот на оваа година и за рекреативни.
Неможноста за наоѓање работа во Црна Гора од една страна и примамливата дневна заработка од друга, создале специфична група мигранти која работи на плантажите со марихуана, покажува истражувањето на CIN-CG/BIRN.
Некои соговорници велат дека работа на плантажите со марихуана нашле преку пријателски и роднински врски, додека на некои тоа им го организирале посредници, со потекло од Црна Гора.
Според информациите, сумите кои можат да се заработат дневно со оваа работа се многу високи – достигнуваат и до 900 долари.
Ново на Сител
-
Во БиХ уапсени три лица кои барале пари за информација за исчезнатото девојче во Србија
-
Продолжуваат предизборните коалицирања
-
Марш на трансродовите лица
-
Во Собранието седница на Комисијата за одбрана и безбедност
-
Најмалку 38 лица загинаа во израелските напади врз сирискиот град Алепо
-
Над 20 луѓе повредени во сообраќајна несреќа во Германија
-
Мериленд доби помош од 60 милиони долари по уривањето на мостот во Балтимор
-
Сончево и топло со мала локална облачност