Златна Европска награда за Јакимовски и општина Карпош
Меѓународната асоцијација за менаџмент и консалтинг „OtherWays“-Франција, на 17-та интернационална конвенција што се одржа вчера во Берлин, му додели на градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, „Златна Европска награда за квалитет и комерцијален престиж“.
Јакимовски го доби ова високо меѓународно признание за постигнатите извонредни резултати во работењето и неговите особени лидерски способности во процесот на менаџирање со локалната самоуправа, соопшти оштина Карпош.
На претпладневната работна сесија на меѓународниот форум, меѓу 50 претставници на познати светски компании, институции и дипломатски кор, се обрати и градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски. Првиот човек на Карпош одржа куса презентација, преку која ги потенцираше достигнувањата на локалната самоуправа од областа на екологијата и енергетската ефикасност, културата и образованието, подобрување на животниот стандард на граѓаните и високиот процент на реализирани инфраструктурни проекти.
Истражувачкиот тим на „OtherWays“ ги предложи, а Одборот за селекција, според строго наметнатите критериуми, ги номинираше општина Карпош и градоначалникот Јакимовски, за оваа престижна интернационална награда. Според нив, Јакимовски во досегашното управување со општината, покажал цврста посветеност и транспарентност во работењето и демонстрирал висок степен на иновативност при развојот на локалната самоуправа.
За воспоставените стандарди, општина Карпош од март 2011 година се стекна и со сертификат за квалитетен систем на менаџирање и давање услуги на граѓаните, кој го задоволува ИСО стандардот 9001:2008. При изборот за номинација, француската асоцијација „OtherWays“ собирала информации за општина Карпош преку спроведени анкети, а се консултирала со повеќе медиуми, маркетинг агенции, Сојузи на стопански комори, странски амбасади, и организатори на меѓународни саеми, се вели во соопштението од општина Карпош.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација