„Златен септември” месец посветен на зголемување на свесноста за детските малигнитети
На настанот „Убаво е да си херој“ што денеска се одржа на плоштадот „Македонија“ во Скопје петстотини волонтери пуштија петстотини златни балони во чест на децата кои се лекуваат од малигни болести.
Настанот беше организиран од невладината организација САНО и Универзитетската клиника за детски болести, а присуствуваа директорката на Клиниката за детски болести Наташа Најдановска Алулоска и министерот за здравство Венко Филипче.
-Трендот од минатата и сегашната година е ист, 35 до 40 деца во годината се дијагностицирани со малигни заболувања, од кои 40 проценти се леукози“, изјави директорката на Клиниката за детски болести.
„Златен септември“ е глобална кампања за подигнување на свеста за карцином кај деца и адолесценти и проблемите со кои се соочуваат, со цел јавноста подобро да ја разбере болеста и да ги ослободи децата од предрасуди, истакнаа од Клиниката за детски болести.
Ново на Сител
-
Петмесечно бебе е вториот случај на голема кашлица во прилепско
-
Преглед на вестите од светот
-
Почнува кампањата за парламентарните избори - ВМРО-ДПМНЕ традиционално во Охрид
-
Караванот на СДСМ и коалиција почнува од ИЕ4
-
Специјализантите в понеделник во 5 до 12 ќе штрајкуваат пред Министерството за да ги види и слушне Демири
-
Мицкоски во Охрид на увид во градежни активности во 3 клучни проекти
-
СДСМ ја стартуваше кампањата – нема откажување додека Македонија не стане дел од ЕУ
-
ДУИ: По изборите Османи е шеф на државата, Села спикер, а Бугарите дел од Уставот