Златен медал на форумот Кран Монтана за сопругата на македонскиот претседател, Маја Иванова
Сопругата на претседателот на Република Македонија, Маја Иванова, е наградена со Златен медал на форумот Кран Монтана, за нејзините активности, проекти и иницијативи од хуманитарен карактер, што ќе и биде врачен денеска на свечена церемонија во рамки на 28. Годишна сесија на форумот Кран Монтана, во Барселона.
Златен медал на форумот Кран Монтана се доделува на етаблирани имиња од меѓународната јавност како признание за постигнувања во насока на похуман свет, соопшти кабинетот на претседателот на Република Македонија.
Сопругата на македонскиот претседател е вклучена во бројни активности што имаат социјален, образовен, здравствен предзнак, а пред се хуманитарен каракатер и најмногу се посветени на децата, на нивното здравје и на нивните права, здравата исхрана и навики.
Под покровителство на Иванова во Скопје беше отворен Центар за сензорна терапија на деца со аутизам, а ја предводеше и националната кампања за отворање на првиот Ургентен центар на Детската клиника, прв од таков вид во Република Македонија и регионот.
Иванова е покровител на повеќе проекти и иницијативи кои се однесуваат на жените, нивните права и женското здравје, меѓу кои се розевите кампањи, посветени на борбата против ракот на дојка.
Сопругата на претседателот Иванов поддржува бројни општествено-корисни иницијативи и проекти во чиј фокус се ранливите категории.
Ново на Сител
-
Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд
-
За еден месец изгорени над 400 хектари шума во Националниот парк Шар Планина
-
Во март зголемени потрошувачките, станбените, автомобилските и кредитите на тековните сметки
-
Приведен 20-годишник кој бил баран со потерница поради бегство од Затворот Гевгелија
-
Боки 13 бара повторено судење за „Рекет“ - има докази со кои ќе покаже каде завршиле парите од чантата Луј Витон
-
Советот НАТО-Украина ќе одржи вонреден состанок за противвоздушната одбрана на Киев
-
Спречен нов атентат врз Зеленски, уапсен Полјак кој соработувал со Русите
-
Бојмацалиев: Една година ФРОНТЕКС - прв договор потпишан на македонски јазик со ЕУ