Златен медал „Андреј Бел“ за академик Ристо Василевски
Академик Ристо Василевски е добитник на Златниот медал што го носи името на рускиот писател, поет и теоретичар Андреј Бел, кој го одбележа Сребрениот век на руската литература.
Наградата на Василевски му беше врачена од претставичката на Сојузот на писатели на Русија, поетесата Људмила Снитенко, на тукушто завршениот меѓународен фестивал на поезија „Словенска прегратка” во Варна, Бугарија.
Златниот медал „Андреј Бел” на Василевски му е доделен „за врвен придонес во светската поезија и мајсторско продолжување на традициите на класичната литература“. По повод ова ново признание, реномираното московско книгоиздателство „Паблис” ја издаде книгата философеми од Василевски „Генезис мечты” („Генеза на мечтите”), а Руската академија за литература го прими академик Василевски за свој редовен член.
Организаторот на Меѓународниот фестивал на поезија „Словенска прегратка” од Варна на Василевски му ја додели плакетата „Кирил и Методиј”.
По меѓународните наградите „Михај Еминеску” во Романија и „Кристално перо” во Русија, ова е трето големо признание за поезијата на академик Василевски.
Ново на Сител
-
Извлечени четвртфиналните двојки во фудбалскиот Куп на Македонија
-
Приведен поранешниот директор на АД ЕСМ Васко Стефановски
-
Влада: Се замрзнуваат платите на избраните и именуваните лица
-
Приведени двајца жители на Арачиново кои со закана одзеле пари и мобилен телефон
-
Врховен суд: Извештаите на Стејт департментот имаат суштинско правно значење и неопходно е приоритетно да се постапува
-
Осум жртви во уривање на зграда во Каиро
-
Зеленски: Му кажав на Трамп дека Путин се плаши само од него, и можеби од Кина
-
Здружение на судии: Ставање на црната листа на САД на кој било судија удар врз неговата чест и углед