Златен и бронзен медал за македонските каратисти на Медитеранското првенство во Анталија
На 27. Медитеранско првенство во карате за кадети, јуниори и постари јуниори У21 викендот во Анталија, Турција, Фахик Весели освои злато во категоријата У21 до 67 кг, додека кадетот Бојан Костов во категоријата до 52 кг освои бронзен медал.
Од вкупно другите шест македонски каратисти, за издвојување се пласманите на Доан Османи во категоријата У21 до 75 кг – петто место, во категоријата ката јуниорката Владанка Аврамова го освои петтото место, додека Јована Манчевска исто така беше петта во категоријата ката кадети.
– Во рамките на Медитеранското првенство се одржа и Конгрес на МКФУ на кој Горан Милковски беше избран за член на Извршниот комитет со мандат од 4 години, а претседател останува Бекир Шериф од Тунис кој е и потпретседател на Светската карате федерација, информираат од Карате федерацијата на Македонија.
Ново на Сител
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи