-->
-->
Зизу не може без фудбал?!
-->
Зинедин Зидан, поранешниот стратег на Реал Мадрид, потврдил дека многу бргу ќе ѝ се врати на тренерската работа. Зидан е без ангажман од завршувањето на минатата сезона кога поднесе оставка на тренерската позиција во Реал.
„Сигурно е дека многу бргу повторно ќе бидам тренер, тоа е она што сакам да го работам. Цел живот се занимавам со фудбалот“, рекол Зидан за ТВЕ.
Со оваа своја изјава Зидан само ги подгреа шпекулациите дека би можел да го наследи Жозе Мурињо во Манчестер јунајтед доколку Португалецот добие отказ.
Наводно, доколку го наследи Мурињо, Зидан сака да ги донесе Тони Крос, Хамес Родригез, Тијаго Алкантара и Единсон Кавани на „Олд Трафорд“.
Популарниот Зизу кариерата ја почна во вториот тим на Реал во 2014 година, а за прв тренер беше именуван на почетокот на 2016 година кога Реал му врачи отказ на Рафа Бенитез.
Зидан потоа со Реал освои три титули во низа во Лигата на шампионите, една во шпанското првенство и две на Светското клупско првенство.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Убедливо водство на Силјановска
-
ОБСЕ/ОДИХР ги објави првичните резултати за првиот круг претседателски избори
-
Хроника на изборни нерегуларности за првиот круг на претседателските избори
-
Анализа на првиот круг од претседателските избори
-
Убедлива победа на Силјановска во првиот круг, Пендаровски најавува продолжување на европската агенда
-
Груби со куфер од пред Општина Чаир побара да си одат четворицата претседатели од албанската опозиција
-
Таткото на Вања Ѓорчевска оди во куќен притвор
-
Таткото на Вања повторно бара слобода од Врховниот суд